УКЛО

АЛУМНИ КЛУБОТ
Претставува екстензија на академската и професионалната позиционираност на дипломираните студенти, во функција на поттикнување за вмрежување, одржување и интензивирање на соработката.

УКЛО АЛУМНИ КЛУБОТ е континиум во повеќе општествени правци и основа за генерациско пренесување на иксуствата
ПОВЕЌЕ

ЗА НАС

Минатото и традицијата не обврзуваат да градиме и да помагаме во создавање на подобра иднина за нашиот Универзитет преку поврзување на поранешните студенти кои завршиле на Прв, Втор и Трет циклус на студии на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, познат под акронимот УКЛО, а кои имаат постигнато значајни резултати во полето на своето делување.

Целта на ваквата активност е создавање на УКЛО АЛУМНИ КЛУБ, кој ќе овозможи вмрежување, информирање, можности за промоција на универзитетот во вашата средина, унапредување на меѓусебната комуникација, генерирање на идеи со вклучување на позитивни практики и ред други ативности кои ќе придонесат за поголема видливост на нашиот и Ваш универзитет.

Сакаме да постигниме зајакнување на врските и комуникациите помеѓу Универзитетот и дипломираните студенти од сите три циклуси на студии, односно УКЛО алумнистите, како и поттикнување на нивната поддршка за промоција на универзитетот и нивно вклучување во активностите на УКЛО, преку формирањето на УКЛО АЛУМНИ КЛУБ.


Контактите кои повторно ќе бидат воспоставени како и размената на искуства, во голема мера може да придонесе за развој на УКЛО.
Создавањето единствена база на завршени студенти од (I, II и III циклус студии) на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, ќе создаде услови и можности за размена на информации со колегите, како и информации за стручно доусовршување.
Затоа, Бидете и Вие дел од Алумни клубот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола

Мисија

Мисијата на УКЛО АЛУМНИ КЛУБОТ е формирање на голема заедница од  поранешни студенти од сите три циклуси на студии при Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, како и создавање на мрежа од поддржувачи на УКЛО кои ќе помогнат во промовирање на универзитетот во нивните средини, кои  својот ангажман и искуство ќе го прененсат  во работата на УКЛО и ќе придонесат  во промовирање и искористување на образовните и истражувачките капацитети на универзитетот.

Визија

Визијата на УКЛО алумни клубот е создавање на силен УКЛО АЛУМНИ КЛУБ кој ќе претставува заедница помеѓу  универзитетот и алумните, со цел создавање  отворена комуникација во која претставниците на Универзитетот  ќе се запознаат со потребните промени во образовните и професионалните програми, насоките на понатамошен развој на образовните и истражувачките потенцијали на универзитетот и да им се овозможи на алумните да стекнат нови професионални знаења и вмрежување преку различни клупски активности и програми.

Цели на УКЛО АЛУМНИ КЛУБОТ

  • Промоција на УКЛО во средините во кои живееме и работиме

  • Создавање модерен и силен УКЛО АЛУМНИ КЛУБ кој ќе работи во рамките на Центарот за кариера, алумни и доживотно учење,

  • Воспоставување на корисни линкови и одржување контакти помеѓу УКЛО и неговите дипломирани студенти од сите 3 циклуси и обезбедување на социјално и кариерно вмрежување

  • Препознавање на достигнувањата и услугите на УКЛО АЛУМНИ КЛУБОТ

  • Поттикнување и унапредување на професионалните, научните, практичните и хуманитарните активности

  • Развивање постојана соработка помеѓу УКЛО и деловните субјекти каде што дипломирани студенти на УКЛО професионално се ангажирани,

ЗОШТО УКЛО АЛУМНИ КЛУБОТ

  • Затоа што членувањето во УКЛО АЛУМНИ КЛУБOT претставува одлична можност за одржување контакти со колегите и универзитетот

  • Ќе даваат предлози и совети во интерес на подобрување на постојните и воведување нови студиски програми

  • Ќе бидат нјдобрите промотори на универзитетот во нивните средини на живеење

  • Ќе ги вклучуваат дипломираните студенти во професионални, научни, практични и хуманитарни активности

  • Претставува добра можност да се обединиме во заеднички интереси и искуства преку проекти и истражувања

КОНТАКТ

Д-р Гоце Маркоски

Даниела Андоновска Крстанова