УКЛО
УКЛО АЛУМНИ КЛУБОТ е континиум во повеќе општествени правци и основа за генерациско пренесување на иксуствата
ЗА НАС
Минатото и традицијата не обврзуваат да градиме и да помагаме во создавање на подобра иднина за нашиот Универзитет преку поврзување на поранешните студенти кои завршиле на Прв, Втор и Трет циклус на студии на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, познат под акронимот УКЛО, а кои имаат постигнато значајни резултати во полето на своето делување.
Целта на ваквата активност е создавање на УКЛО АЛУМНИ КЛУБ, кој ќе овозможи вмрежување, информирање, можности за промоција на универзитетот во вашата средина, унапредување на меѓусебната комуникација, генерирање на идеи со вклучување на позитивни практики и ред други ативности кои ќе придонесат за поголема видливост на нашиот и Ваш универзитет.
Сакаме да постигниме зајакнување на врските и комуникациите помеѓу Универзитетот и дипломираните студенти од сите три циклуси на студии, односно УКЛО алумнистите, како и поттикнување на нивната поддршка за промоција на универзитетот и нивно вклучување во активностите на УКЛО, преку формирањето на УКЛО АЛУМНИ КЛУБ.


Контактите кои повторно ќе бидат воспоставени како и размената на искуства, во голема мера може да придонесе за развој на УКЛО.
Создавањето единствена база на завршени студенти од (I, II и III циклус студии) на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, ќе создаде услови и можности за размена на информации со колегите, како и информации за стручно доусовршување.
Затоа, Бидете и Вие дел од Алумни клубот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола
Мисија
Мисијата на УКЛО АЛУМНИ КЛУБОТ е формирање на голема заедница од поранешни студенти од сите три циклуси на студии при Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, како и создавање на мрежа од поддржувачи на УКЛО кои ќе помогнат во промовирање на универзитетот во нивните средини, кои својот ангажман и искуство ќе го прененсат во работата на УКЛО и ќе придонесат во промовирање и искористување на образовните и истражувачките капацитети на универзитетот.
Визија
Визијата на УКЛО алумни клубот е создавање на силен УКЛО АЛУМНИ КЛУБ кој ќе претставува заедница помеѓу универзитетот и алумните, со цел создавање отворена комуникација во која претставниците на Универзитетот ќе се запознаат со потребните промени во образовните и професионалните програми, насоките на понатамошен развој на образовните и истражувачките потенцијали на универзитетот и да им се овозможи на алумните да стекнат нови професионални знаења и вмрежување преку различни клупски активности и програми.
Цели на УКЛО АЛУМНИ КЛУБОТ



-
Промоција на УКЛО во средините во кои живееме и работиме
-
Создавање модерен и силен УКЛО АЛУМНИ КЛУБ кој ќе работи во рамките на Центарот за кариера, алумни и доживотно учење,
-
Воспоставување на корисни линкови и одржување контакти помеѓу УКЛО и неговите дипломирани студенти од сите 3 циклуси и обезбедување на социјално и кариерно вмрежување
-
Препознавање на достигнувањата и услугите на УКЛО АЛУМНИ КЛУБОТ
-
Поттикнување и унапредување на професионалните, научните, практичните и хуманитарните активности
-
Развивање постојана соработка помеѓу УКЛО и деловните субјекти каде што дипломирани студенти на УКЛО професионално се ангажирани,


ЗОШТО УКЛО АЛУМНИ КЛУБОТ
-
Затоа што членувањето во УКЛО АЛУМНИ КЛУБOT претставува одлична можност за одржување контакти со колегите и универзитетот
-
Ќе даваат предлози и совети во интерес на подобрување на постојните и воведување нови студиски програми
-
Ќе бидат нјдобрите промотори на универзитетот во нивните средини на живеење
-
Ќе ги вклучуваат дипломираните студенти во професионални, научни, практични и хуманитарни активности
-
Претставува добра можност да се обединиме во заеднички интереси и искуства преку проекти и истражувања
КОНТАКТ
Д-р Гоце Маркоски
-
Tel: +389 47 223 788
ext. 131 +389 71 360 613 - goce.markoski@uklo.edu.mk
-
Булевар 1-ви Мај ББ
7000 Битола Р. Македонија
Даниела Андоновска Крстанова
-
Tel: +389 47 223 788
ext. 127 +389 78 459 773 - daniela.krstanova@uklo.edu.mk
-
Булевар 1-ви Мај ББ
7000 Битола Р. Македонија